Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Важно
    Имате проблем со најава или регистрација на it.mk?
    Побарајте го решението на вашиот проблем ТУКА!
Oktar

Продадено Canon 6D Mark II Dark Noir Edition

Статус
Овој оглас е заклучен.

Слики


Тип
Продавам
Состојба
Користен одлично сочуван
Цена
52.309 ден.
Истекува

Опис

Линк за спецификации
https://www.canon.com.mk/cameras/eos-6d-mark-ii/
После 4 години минати заедно, решив дека е време да продолжиме по различни патишта, па така, мојот драг 6D Mark II е поставен на продажба. Едноставно ајфоните се веќе ултра предобри и немам потреба од дигитален огледално-рефлексен фото систем со цела рамка (Digital Single-Lens Reflex Camera with Full Frame sensor). Ок, нема врска со ајфон или билокој-фон, едноставно не ми треба веќе, скоро 3 месеци го немам употребено.

Значи, апаратот е стар накај 4 години, шатер каунт неможе да се утврди, али би рекол дека ете, има накај 30к иако би рекол дека и тоа е многу, не сум сликал толку сигурно, а животниот век на шатерот мислам дека е накај 120к или 150к. Уредот е максимално сочуван, не е паднат никад, нема гребаници, сензорот е чистен два пати досега кај Орце од Пикс+, пазен е и мазен, целосно функционален, нема дефекти... што би се рекло, спие, нов нов нов, само што е 4 години стар. Купен е од Пикс+, 1.600 евра со некој мал попуст, моментално гледам дека е 1.300 евра. На продажба иде за 52.309 денари што е околу 850 евра, мислам дека е фер цена, видов по фб групиве два кои се продаваат по цена од 900 и 950 евра.

Може да се види и проба, али генерално, гарантирам дека прај убави фотки. Доаѓа комплет во кутија како што дошол, можеби го немам цедето ама како и да е... кај би го употребиле цедето воопшто???



P.S. Она Dark Noir Edition нема никаква врска, ставено е само за да звучи појако.

Информации

Автор
Oktar
Поднесена
Изменето од модератор
Прегледи
1095

Повеќе огласи од Oktar

На врв Дно