• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Неодамнешна содржина од Dexter26

  1. Dexter26

    VDSL @Телеком МК

    Локалната централа не е секогаш кај локалната пошта, има и помали локални објекти кои се во сопственост или се изнајмени под кирија од страна на Македонски Телеком. Лесни се` за препознавање, вообичаено таму застануваат вработени со службени возила на Македонски Телеком.
  2. Dexter26

    VDSL @Телеком МК

    И јас користев ADSL Интернет едно време од Македонски Телеком и знам колку влечеше, вистина е дека влечеше понекогаш и до 1.2 или до 1.3 мегабајти во секунда, но над 80% од времето Интернет брзината варираше помеѓу 800 и 900 килобајти во секунда, а понекогаш помеѓу 900 килобајти и 1 мегабајт во...
  3. Dexter26

    VDSL @Телеком МК

    Така ќе да е, и одземи од загубата, особено загубите кај бакарот од еден продолжеток на друг продолжеток, па се до крајниот корисник, и ќе ги добиеш тие бројките кои јас ги објавив. Се разбира, може да биде и без загуба, јас по навика велам дека од Вип ТВ имам кабелски Интернет со брзина од 5...
  4. Dexter26

    VDSL @Телеком МК

    Но до тогаш бакар и хибрид, бакар и хибрид, бакар и хибрид, бакар и хибрид!
  5. Dexter26

    VDSL @Телеком МК

    Воопшто не ни планирам да го оспорувам тоа, приватизацијата на Македонски Телеком е една од најголемите криминални зделки од осамостојувањето на Македонија, исто како што и спојувањето на Вип и Оне е спротивно на законот за заштита на конкуренцијата, ама Иво Ивановски си направи добра зделка за...
  6. Dexter26

    VDSL @Телеком МК

    Се до последните 3 реченици те сфаќав сериозно, бидејќи очигледно е дека воопшто не ме познаваш. Јас ниту работам за Македонски Телеком, ниту работам за некоја фирма која соработува со нив. Истовремено, многу ретко им правам ваков бесплатен маркетинг - кој воопшто не го заслужуваат, но...
  7. Dexter26

    VDSL @Телеком МК

    И таму дежураш, а ? :) Како и да е, тоа со автопатот е наједноставно објаснување, мило ми е бидејќи веднаш ти е сѐ појасно.
  8. Dexter26

    VDSL @Телеком МК

    Додека да се изгради експресниот автопат (оптичката телекомуникациска мрежа), ќе се оди по споредниот пат (бакарната телекомуникациска мрежа). Секако дека преку експресниот автопат е побрзо и полесно, но затоа па неговата изградба е побавна и потешка. За тоа ќе прашаш во најблискиот салон...
  9. Dexter26

    VDSL @Телеком МК

    Не знам во која тема да ја објавам оваа вест за хибриден Интернет од Македонски Телеком, па ако има соодветна тема, администраторите/модераторите нека ја преместат таму. Според слична слика од таа објавена на Интернет страницата кон која води линкот кој го има објавено @Sukhoi во пост #3, само...
  10. Dexter26

    VDSL @Телеком МК

    Во право е @undergrounde во пост #2, Кодар Инженеринг соработуваат со Македонски Телеком со години, а пред година дена имаше момци од Кодар Инженеринг на обука во Македонски Телеком за работење и со бакарната и со оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком. Од последните 3 месеци...
  11. Dexter26

    Т-Home оптика

    Македонски Телеком не е моја фирма за да ги бранам, јас никогаш немам работено со нив, имам работено со фирми кои соработуваат со Македонски Телеком. Инаку, немој ни за момент да помислиш дека ќе ти ја скинат сметката за услуга која сеуште не ти била достапна, ќе мораш да појдеш до салонот за...
  12. Dexter26

    Т-Home оптика

    Не ќе да е до тој новиот американско-јапонски софтвер, тој е наменет само за приклучување на нови корисници и за мигрирање и исклучување на постоечки корисници, за сметки користат друг софтвер. Ако миграцијата ти ја направиле на 30 декември 2016, тогаш значи од тој ден почнува да ти се...
  13. Dexter26

    Т-Home оптика

    Најверојатно системот не работел во тој период, ги имаат само 3 (ТРИ) главни сервери - еден за Скопје, еден за источна Македонија и еден за западна Македонија. Кога ќе им се нафрлат десетици, ако не и стотици монтери и техничари истовремено на тие сервери од цело Скопје и од цела Македонија...
  14. Dexter26

    Т-Home оптика

    Да имаш линија до дома значи да имаш оптички кабел кај тебе дома донесен, што значи дека останува само оптичкиот терминал да го донесат. Во тој случај навистина не се сериозни и не си ја вршат професионално работата. Ако живееш во зграда и веќе имаш сандаче со оптички разделник на твојот кат...
  15. Dexter26

    Внимавајте на ДДКОМ!!!

    Не се палам, туку жалам, жалам што како народ во втора деценија на 21-ви век сеуште бараме дежурни виновници. Балкански менталитет... :mad:
На врв Дно