Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Бесплатно vs платено

HyperFreak

hello world
28 март 2011
66
9
Кога сме веќе кај темава да му се заблагодарам на тој шт ми даде црвена коцка со коментар jbg.Бар да објаснеше зошто..Всушност не сакав за тоа да зборам туку кога веќе сме кај темава да ве прашам за советт за некој бесплатен домен кој изгледа професионално според вас.Еве гледам дека има доста од вас што сметате дека доменот не би требало да е проблем па еве советувајте ме :)
П.с Има ли некаде бесплатен хостинг без банери со солиден сообраќај?
 
важна

hello world
19 април 2010
461
98
Скопје
pukanka.wordpress.com

Според мене буквално сите домени изгледаат професионално ако ти си сериозно посветен на сајтот.

Аман важна со темиве :/
И смени тоа возраста не ги лажи луѓево.

Ти татко да не си ми, па знаеш колку години имам? Ич да не те боли увото за моите години. И за разлика од тебе, јас не лажам. Немам потреба. Дај доста се правиш некој и нешто на интернет аман, немаш живот ебате. Лечи си комплекси на друго место. 18 годишен малишан ќе кажува кој што прави и што да прави. Абе, полнолетсвото треба да го поместат на 21 година, за вакви * да не се * по форуми.

п.с. Последното зеленко со убаво коментарче ти е од мене :muahaha: да се порадуваш малку :)
 
stefan_v

user
3 мај 2010
1.426
604
macedonius.com
@важна
http://izvicnik.tk/ - ти веќе имаш форум(го има на твојот профил на овој форум), така?

Форумот(izvicnik) - ќе го земам за пример како што можам да забележам e постар од 1 година. Си имала доволно време(и повеќе од доволно) да направиш за да стане посетуван, и луѓето да постираат. И сама гледаш дека органски(сам од себе), не може да се шири. Значи треба реклама. Значи треба да вложиш(колку толку).

Форумот е опасна работа за вложување (ако вложуваш промовирајќи го со реклами), зошто ако нема никој со кого ќе разменуваш мислења, нема да пишуваш и толку(едноставно замрува форумот). Треба да е симпатичен, за да се регистрираш и потоа да постираш.

Идивиди, Кајгана, ИТ, имаат форуми на поддомејни и домејни додатоци, и се активни, но во тој случај тие „се шлепаат“ со брендот, односно посетеноста на страната.

Друг вид на успешни форуми се како некојсифорум.com(пр. burek.com, badijala.com и т.н.), кои се брендови сами за себе. На мојот претходен пост ти кажав како да регистришаш на 1 година(се на се за 50 денари), да видиш како ќе оди, а потоа ако го разработиш, ќе ти стигнат пари од реклами, да го префрлиш на платен хостинг, па на VPS, ит.н.

Прашање е зошто луѓето се неповерливи во форуми кои се на бесплатни домејни?
-Затоа што за да постираат треба да се регистрираат, да дадат лозинка, емеил, ит.н. податоци, кои можеби не од тебе, но од некој друг имаат лошо искуство, сомничави се, ит.н. сепак се работи за психологија, но така е - како што е, човекот е роб на своите навики, навики кои го тераат да биде сумничав.

.TK е бесплатен домејн. Многу е користен за phishing, за крадење на Facebook лозинки, мејлови, ит.н. па поради тоа е сомнителен форумот, иако немаш врска со тоа, но се остава простор за такво нешто затоа што не си обврзана никако со домејнот, и може во кој било момент да ти послужи за крадење лозинки(кажувам за најцрното сценарио), ако не ти, некој друг го прави тоа.

Кај .com домејните истиот се купува најмалку на една година, и неможеш туку така да „исчезнеш“.

Незнам зошто воопшто се противиш кон .com домејните, односно не сакаш да регистрираш. Да речеме дека со купон од GoDaddy, купуваш .com на една година за 50-60 денари. ЦЕЛА ГОДИНА Е ТВОЈ ДОМЕН! Што значи секој месец ти се фаќа 5 денари. Срамота е да се расправаме за ваква навистина смешна сума.

Совет:Еден форум треба да биде што поотворен, да не уловува со членство за гледање на постоечките постовите, како да се искажува илегално мислење, па тоа да се крие. Треба да се примамат луѓето, не само да се регистрираат, туку и да постираат. Да сакаат да го искажат своето мислење, револт, задоволство, видување.

Се надевам дека ќе го сфатите моето мислење, и ќе погледнете од подалеку, да ја видите целата слика, и дека нема никој да се повреди од постов(ако се чуствува повреден, нека се соочи со реалноста). Тоа имав да кажам.
 
важна

hello world
19 април 2010
461
98
Скопје
pukanka.wordpress.com
@важна
http://izvicnik.tk/ - ти веќе имаш форум(го има на твојот профил на овој форум), така?

Форумот(izvicnik) - ќе го земам за пример како што можам да забележам e постар од 1 година. Си имала доволно време(и повеќе од доволно) да направиш за да стане посетуван, и луѓето да постираат. И сама гледаш дека органски(сам од себе), не може да се шири. Значи треба реклама. Значи треба да вложиш(колку толку).

Да, мој е. Форумот порано имаше малку членови но голема активност, поради обврски го оставив и остана пуст. Тоа е моја грешка, инаку форумчето си беше тип топ и добро работеше и со бесплатен хост и скрипта (форумотион) и домен. Но сепак, една од причините покрај обврските поради која го баталив, беше токму онаа за која дискутираме во темата. Иако имаше членови кои дискутираа и беа активни во темите, немаше доволно баш заради тоа што е целосно бесплатен.

Форумот е опасна работа за вложување (ако вложуваш промовирајќи го со реклами), зошто ако нема никој со кого ќе разменуваш мислења, нема да пишуваш и толку(едноставно замрува форумот). Треба да е симпатичен, за да се регистрираш и потоа да постираш.

Во право си.

Идивиди, Кајгана, ИТ, имаат форуми на поддомејни и домејни додатоци, и се активни, но во тој случај тие „се шлепаат“ со брендот, односно посетеноста на страната.

Идивиди е на бесплатна скрипта и форумот пропадна, но не поради бесплатната скрипта туку поради преголемата строгост на администрацијата и отсуство на надградби, апдејти и подобрувања на форумот.
Кајгана е тип топ среден форум и се повеќе и повеќе се подобруваат, прв форум заедно со идивиди (2005 година се и двата, незнам точно кој е постар но неколку месеци не се ни важни) и најверојатно затоа имаат најмногу корисници и покрај несериозноста на администрацијата во поглед на меѓусебните односи на членовите.
ИТ исто си е тип топ форум со доволно активни членови и посетители, а единствената причина што нема членови колку кајгана е тоа што кајгана е општ форум на кој можат секакви да се зачленат. Овде треба (иако немора) да имаат барем мало познавање од ИТ, или да дојдат оние што имаат некаков проблем за тие што се разбираат да им помогнат. Овде оф-топик дискусии не се толку многу застапени.

На мојот претходен пост ти кажав како да регистришаш на 1 година(се на се за 50 денари), да видиш како ќе оди, а потоа ако го разработиш, ќе ти стигнат пари од реклами, да го префрлиш на платен хостинг, па на VPS, ит.н.

Благодарам, знам како да регистриран домен. Поената ми е друга.

Прашање е зошто луѓето се неповерливи во форуми кои се на бесплатни домејни?
-Затоа што за да постираат треба да се регистрираат, да дадат лозинка, емеил, ит.н. податоци, кои можеби не од тебе, но од некој друг имаат лошо искуство, сомничави се, ит.н. сепак се работи за психологија, но така е - како што е, човекот е роб на своите навики, навики кои го тераат да биде сумничав.

Кој рекол дека мора да дадат точни лични податоци? И зошто .тк домен би бил сомнителен?

.TK е бесплатен домејн. Многу е користен за phishing, за крадење на Facebook лозинки, мејлови, ит.н. па поради тоа е сомнителен форумот, иако немаш врска со тоа, но се остава простор за такво нешто затоа што не си обврзана никако со домејнот, и може во кој било момент да ти послужи за крадење лозинки(кажувам за најцрното сценарио), ако не ти, некој друг го прави тоа.

Како ќе му украдеш на некој лични информации и пасворд (фишинг) со форум кој не е копија на ниеден друг?
Дури и да е навистина фишер, фишерот не ти дава можност откако ќе кликнеш на логирај се да пребаруваш низ форумот. Фишерот е само една копија на друг сајт.

Кај .com домејните истиот се купува најмалку на една година, и неможеш туку така да „исчезнеш“.

Кој рекол дека со .тк домен ќе исчезнеш? Јас до сега не сум имала такво искуство, поправи ме ако грешам.

Незнам зошто воопшто се противиш кон .com домејните, односно не сакаш да регистрираш. Да речеме дека со купон од GoDaddy, купуваш .com на една година за 50-60 денари. ЦЕЛА ГОДИНА Е ТВОЈ ДОМЕН! Што значи секој месец ти се фаќа 5 денари. Срамота е да се расправаме за ваква навистина смешна сума.

Кој рекол дека се противам и несакам да регистрирам? Не е тоа поенатата, сватете. Ниту знаењето, ниту парите се проблем. Само дискутираме за овој феномен :D

Совет:Еден форум треба да биде што поотворен, да не уловува со членство за гледање на постоечките постовите, како да се искажува илегално мислење, па тоа да се крие. Треба да се примамат луѓето, не само да се регистрираат, туку и да постираат. Да сакаат да го искажат своето мислење, револт, задоволство, видување.

Извичник е целосно отворен форум :)
 
stefan_v

user
3 мај 2010
1.426
604
macedonius.com
.TK не е вистински домејн. Неможеш да менуваш DNS ит.н. да го префрлиш хостингот, те бришат ако имаш помалку од 25 посети месечно(поправи ме ако грешам), и има други нелагодности и причини, односно е само скратувач за линкови(како 0.mk, овој само што пренасочува, во суштина е исто).

Доколку си запнала толку, направи сајт со таков домен, да стане познат, реномиран и дај боже да грешам, дека тешко некој сајт успева со бесплатен домејн и истиот да се брендира и пробие во оваа џунгла од сајтови.

Друго нешто.
Доколку имаш бренд(успешна страна) со бесплатен домејн лесо може да биде украден неговиот идентитет, односно некој регистрира .com со името на сајтот и вели дека е тој. Доколку има такво име ти го крадеш неговиот идентитет на име, односно го имитираш.

Пробав да ти објаснам најубаво како што знам и умеам, зошто платен домејн, и има само еден одговор - човековата глава. Тоа е тренд на такво размислување, менталитет. Никој сам не може да го смени, освен ако не докаже дека може.
Повеќе незнам што да кажам на темава.
 
Mr.Jack

lurker
9 февруари 2008
761
503
Пред некое време пишував коментар на блог за оваа тема...
CTRL+V:

Платен хостинг, платена лиценца за форум и платен домен значи дека се вложило пари во проектот, а кога се вложува пари се знае дека ќе биде сериозен проект и ќе се вложи најмногу труд. А, кога е бесплатно или пиратско ич кур нема да ги боли дали ќе пропадне страната и дали ќе има активност на неа, можат во секој момент да се откажат и да направат нова, НИШТО нема да загубат, освен времето нели.
Друга работа е што обично повозрасните плаќаат за страна. А дечиштата уште основно не завршиле и сакаат да имаат сериозен форум. Не верувам дека некој родител би му дал толку пари на дете за страна. А форумите водени од постари се МНОГУ подобри од форумите водени од деца.
Секогаш се гледа квалитет, не знам каде си видела ти дека некој се регистрира само заради платените работи. Обично платените се квалитетни, до сега немам видено платен форум што не е сериозен и квалитетен. Затоа барем кај мене предност имаат платените.
Еве silenceforum.com и mkd-titlovi.niceboard.net се на бесплатни па се милион пати поквалитетни од emeteor.info и lajkuvaj.com форум.
wannabe forum owners:
Ќе се регистрираат на некој поголем форум како Кајгана, Бадијала, ИТ, ќе видат дека немаат шанси за модератор или некоја поголема функција и ќе си направат свој форум бесплатен на forumotion само колку да е нивен, да бидат нешто на форумот и да бидат барем некаде главни.
Првата недела со форумот ќе им биде интересно, нова средина, интересно е средувањето на форумот, рекламирањето (спамирањето) по други страни.
Втората недела веќе форумот е среден и нема што да се работи на него, освен да се копираат теми од други форуми и да се чека да дојдат што повеќе членови, а не е битно дали ќе напишат нешто што вреди.
Откако ќе дојдат неколку (максимум 10 члена) и ќе напишат по 2-3 мислења админот ќе добие надеж. Но по 2-3 дена и тие членови ќе си отидат бидејќи ќе видат колку е само досано да си правиш бош муабет со ретардирани луѓе, наместо на други форуми каде што можеш сериозно да дискутираш.
Третата недела форумот е пуст, нема никој на него, па админот ќе бара wannabe во функција(подоле читај што и кои се овие) и ќе најде. Ќе си ја пробаат и они среќата, нема да успеат и они ќе си отидат.
Е, веќе четвртата недела админот го баталува форумот и е спремен да направи нов со надеж дека новиот ќе му успее.
wannabe во функција:
Не можат да бидат во функција на поголеми форуми, па бараат пријатели со помали форуми за да ги стават нешто на нивниот форум.
Целата поента на нив им е да бидат само нешто на форумот, без разлика дали на форумот има добри членови што пишуваат квалитетна содржина, важно е да се мод.
Имаш и самата забележано дека откако ќе стане некој модератор (или било што) на некој форум, почнува да го рекламира, а пред тоа не ни се мачел со рекламирање.
А највеќе ме неривраше порано кога ќе се регистрирав на некој бесплатен форум, ќе вложев труд во него, ќе бев активен за по неколку недели да го избришат или да се откажат од него.
Совет:
Не прави форум, туку вложи пари и труд во некој постоечки форум што ти се допаѓа, без разлика дали си или не си некоја функција, без разлика дали е бесплатен или не.
И ај сега и јас да ве прашам нешто. Зошто ви е толку битно дали ќе бидете модератор (админ, w/e) на некој форум? Дискусиите се исти, членовите се исти. Добивате популарност, почит, ви се лижат wannabe во функција децата, но губите време со тоа што ќе треба да го модерирате форумот.
 
важна

hello world
19 април 2010
461
98
Скопје
pukanka.wordpress.com
Зошто сите се палите на пари? Парите не се најважното нешто во животот, ниту мерило за квалитет. Јас можам во моментов да дадам 50 евра за хостинг и домен и + уште 100 и нешто евра за лиценца за хенфоро и можам да си играм к*рта*ак со форумот. Дали и тогаш ќе го почитувате мојот форум повеќе од некој кој се труди но има мајбб скрипта и .тк домен?
 
HyperFreak

hello world
28 март 2011
66
9
Парите го вртат светот.Колку и да го игнорираш тоа, сепак така се случува.Парите ете како се важен фактор за определување на квалитетот.Спореди ги mybb,phpb и сл со vbulettin,xenforo,invision power board па види ја разликата.Оди до страниците за темплејти и види ја разликата меѓу ппремиум и бесплатните темплејти.Докажано е дека колку и да ги игнорираш парите се дел од нештата кои го мотивираат човекот, и затоа е тоа пари,пари и најважно пари.Секако исклучоци има, и ако товјот форум со бесплатен домен е добар и посетен тогаш ке биде почитуван но ке ти треба многу работа за да ја добиеш почитта на другите.Со платениот домен ти покажуваш сериозност,професионалност и што е најважно заинтересираност за сајтот додека бесплатниот форум баш и не го искажува тоа.
 
важна

hello world
19 април 2010
461
98
Скопје
pukanka.wordpress.com
Јас да те прашам нешто. Имаш двајца другари, едниот има форум за кој дал 200 евра (лиценца за скрипта, хостинг и домен) и другиот има форум со бесплатна скрипта и домен. Првиот си игра како што сака со форумот и нема појма од водење ниту пак знае да биде админ, а другиот навистина е сериозен и се труди максимално. На кој форум ќе отидеш?
 
Fatal1ty_

Großmeister
28 февруари 2008
23.783
33.891
roka.mk
Јас да те прашам нешто. Имаш двајца другари, едниот има форум за кој дал 200 евра (лиценца за скрипта, хостинг и домен) и другиот има форум со бесплатна скрипта и домен. Првиот си игра како што сака со форумот и нема појма од водење ниту пак знае да биде админ, а другиот навистина е сериозен и се труди максимално. На кој форум ќе отидеш?

Zа тој што дал 200е и убаво го води форумот.Да бидеме искрајни ако некој нема сериозни намери нема ни да даде 200е за нешто што нема ни да знае да го управува.
 
Mr.Jack

lurker
9 февруари 2008
761
503
Зошто сите се палите на пари? Парите не се најважното нешто во животот, ниту мерило за квалитет. Јас можам во моментов да дадам 50 евра за хостинг и домен и + уште 100 и нешто евра за лиценца за хенфоро и можам да си играм к*рта*ак со форумот. Дали и тогаш ќе го почитувате мојот форум повеќе од некој кој се труди но има мајбб скрипта и .тк домен?
Ај те молам фрли 150 евра за шала.

Мислам дека нема НОРМАЛЕН човек што ќе фрла толку пари за несериозен проект.

Колку пати веќе ти пишаа дека доменот и хостингот не се важни, поважна е содржината и структурата на форумот, НО ПРЕДНОСТ ИМААТ ПЛАТЕНИТЕ. Подобар впечаток оставаат бидејќи нема нормален несериозен и неискусен човек да фрли 150 евра за нешто колку да го проба. А и да фрли некој 150, сигурно не би се откажал така лесно од форумот. Душата нема да му даде да му пропаднат тие 150 евра :D
 
Ambasador

read-only
24 август 2011
3
0
1 da si otovrite na free ima domen pus postor ,neogranicen potok na iformacii dosvoleno ese samo ne pornografija eve nekolku primeri za free forumi http://inferno.forum.st/ imas sve na edno mesto uzivaj ovaj e povece od 6 g i seuste raboti takada ne se plases deka ako rabotis ok ce ti go isklucat srejno da si otvorite forumce
p.s:host Domen e 60 evra na 1 godina.
 
Последни теми

Последни огласи

ит маркет

На врв