Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Негативни искуства со продажба на хардвер/предмети (од членови на It.com.mk)

psyside

127.0.0.1
4 септември 2008
30.500
31.940
psyside's setup  
Processor & Cooler
Ryzen 5 [email protected] + PCCooler X5
Motherboard
Asrock B450 HDV
Storage
970 EV0 Plus 500GB
PSU
Evga 750W BQ
RAM
2x8GB Hyper X Predator@ 3200
Video card
Asus RTX Dual EVO 2060 Super
Case
CM Masterbox E500 with ODD
Mouse
Cooler Master Storm Spawn + Corsair 140/Zalman ZM-F4
Keyboard
Logitech G910
Monitor
Asus PA328Q Pro Art
OS
WIN 10 Pro X64
Баба ми бог да ја прости, викаше....ем шуто, ем боде.
 

efto

hello world
19 април 2007
332
268
Негативно искуство со членот @conspiracy .
Имам отворено тема за вадење пари од пејпал - Вадам пари од Пејпал (Paypal).
Членот се јави со порака дека му треба услуга за префрлање на 100 евра. Откако се договоривме за детаљите му ја пратив пејпал адресата од мојот акаунт. Веднаш ми пиша да проверам дали поминала трансакцијата и кога се логирав на пејпал ме пречека порака дека акаунтот е привремено блокиран. Побарав од членот да ми прати скриншот од трансакцијата и дури по неколку разменети пораки ми пиша дека соработувал со некој "indiec ili slicno" и дека негова била трансакцијата, ама не соработувал веќе со него.
Еве од 3. март и по 20 и кусур разменети пораки, членот упорно одбива и ескивира да пише било каков детаљ за соработникот, име на акаунт, како стапил во контакт и сл. Се има логирано на форумов, има активност, а не одговара на пораките, требаше на неколку дена пак да го потсетувам. Сите негови одговори беа со сличен стил како овие - „Ne kontaktiram so liceto poveke , fake akaunt bese , nikakvi podatoci nemam za zal...“ „Neznam nisto apsolutno nisto za nego“ ...
Инаку пробано е да се влезе на акаунтот и аплоудирани се документи за верификација на барање на Пејпал. Меѓутоа јас не сум ги аплоудирал туку тој што пробал да влезе на акаунтот.
За среќа не му поминало и јас сеуште го имам акунтот со променета лозинка.
 

Astro

sensei
20 јуни 2012
10.149
16.235
Негативно искуство со членот @conspiracy .
Имам отворено тема за вадење пари од пејпал - Вадам пари од Пејпал (Paypal).
Членот се јави со порака дека му треба услуга за префрлање на 100 евра. Откако се договоривме за детаљите му ја пратив пејпал адресата од мојот акаунт. Веднаш ми пиша да проверам дали поминала трансакцијата и кога се логирав на пејпал ме пречека порака дека акаунтот е привремено блокиран. Побарав од членот да ми прати скриншот од трансакцијата и дури по неколку разменети пораки ми пиша дека соработувал со некој "indiec ili slicno" и дека негова била трансакцијата, ама не соработувал веќе со него.
Еве од 3. март и по 20 и кусур разменети пораки, членот упорно одбива и ескивира да пише било каков детаљ за соработникот, име на акаунт, како стапил во контакт и сл. Се има логирано на форумов, има активност, а не одговара на пораките, требаше на неколку дена пак да го потсетувам. Сите негови одговори беа со сличен стил како овие - „Ne kontaktiram so liceto poveke , fake akaunt bese , nikakvi podatoci nemam za zal...“ „Neznam nisto apsolutno nisto za nego“ ...
Инаку пробано е да се влезе на акаунтот и аплоудирани се документи за верификација на барање на Пејпал. Меѓутоа јас не сум ги аплоудирал туку тој што пробал да влезе на акаунтот.
За среќа не му поминало и јас сеуште го имам акунтот со променета лозинка.

Самиот никнејм ти кажува доволно
 

toshex

the fool
18 септември 2013
6.578
8.228
Мелмак
Неќев ова да го пишувам уопште но после се сепак ќе морам (следува долга приказна, скролнете на крај за ТЛ;ДР верзија):

Негативно искуство со @Tajson - членот работи со изработка на мебел. Дојде да измери за да се направи биро за кај мене у спална. Ете како одеше целата комуникација и процедура:

- членот дојде и измери простор и дискутиравме што ми треба на 9.03.2019. му потенцирав каде и како сакам да стои бирото и кај ќе биде столот итн. првично зборевме за варијанта да има Г дел бирото.

- потенцирав дека ми е итно и дека ми треба за макс 10 дена

- членот на заминување рече дека истата вечер ќе ми прати цртеж од како би било финално изработено и ќе ми каже цена

- 15 минути откако си замина, при разговор со девојка ми заклучивме дека неќеме Г дел и му пишав порака на вибер потенцирајќи го ова (очекувајќи да биде рефлектирано во цртежот)

- пораката беше примена и видена (дупли виолетови знакчиња)

- цртеж не добив истиот ден, ниту наредните неколку

- пробав да го барам на телефон, не можев да го добијам
(тука почна циклусот на тоа колку е тешка комуникацијата, од прво бев разбирлив пошо разбирам дека е зафатен човекот ама не го терав на сила да прифати да работи и кај мене така шо сепак очекував некое ниво на комуникација - немаше ич)

- после неколку неуспешни пораки и позиви почнав да мислам да не сум го увредил членот веќе

- конечно ми врати на порака на форумов каде беше пофален у позитивни искуства, па му пратив порака као реплика на неговиот одговор у таа тема. тоа беше на 2ри април, скоро месец дена откако зборевме за биро иницијално. Памтите реков ми треба за 10 дена. Ми се извини за молкот од негова страна и ми рече „ама штом си чекал до сеа ќе го решиме“.

- тука може ќе замерите зашо не сум нашол веќе друг мајстор - пошо нема смисла да договараш со 2ца во исто време и да заебеш некој - а и пошо преку форумов стапив во контакт и беше препорачан повеќе пати - сакав да оставам повеќе простор за да биде сепак позитивно искуство да не избрзувам до заклучоци

- океј викам ајде сеа ќе се реши брзо валјда

- после неколку пораки пак без да ми се врати на форумов на 17ти април му пишувам:

upload_2019-5-4_10-31-11.png

на која што порака конечно врати со:

- решено се прави, уживај

- тука веќе може да претпоставите јас бев малку збунет пошо не добив цртеж, не добив цена, не зборевме за бои и материјали - и директива се прави.

- си велам океј ајде барем ќе се направи побрзо, за цена ме увери дека „нема да најдам поевтино“ - си велам океј колку и да ми бара ќе му платам сеа договорено е договорено...

- зборевме за бојата потоа, за тоа нема да замерувам пошо ќе е збор версус збор - јас сум уверен дека не зборевме за боја, он е уверен дека сум кажал венге (сиот мебел дома ми е бело или светло дрво така шо не знам од кај венге) - и ми рече дека сепак може да смени ама му реков дека ако веќе се прави и се сечени материјалите да го остави венге (неќев да му правам вишок трошок)

- му потенцирав само дека најбитно е да се среди ова шо побргу пошо веќе помина премногу време а неам биро

- на 19ти април рече дека е спремно за монтажа и дека ќе се чуеме утре (20ти април)

- не се јави 20ти април, ни неколку дена потоа, му пишав уше некоја порака у меѓувреме

- вчера веќе (3ти мај) му пишав аман да се среди викендов пошо долго време сум без биро, да дојде да монтира

- врати за среќа и рече денес ќе дојдат

- дојдоа денес, качија дечкиве материјалите и да го постават бирото - тотално утнато

1. имаше Ге дел (за кој 2 пати му спомав у пораки кои се прочитани дека неќам)
2. Ге делот беше на грешна страна, така шо дечкиве се обидуваа бирото да го стават ротирано али за у таква ориентација не го собира
3. плотната горе (работна површина) на широчина зборев дека сакам да биде од една до друга страна и да го заобиколува издаденото ступче кое го имам у собата (ко шо зборевме и у живо, и ко шо има горе у пораката шо ја споделив) - беше направена покуса и само ДО ступчето, и со инклузијата на Ге делот добивав нешто шо у никој случај не личи на она што го сакав...

- тука веќе крајно се разочарав, дури и да го збираше бирото у друга ориентација па да го задржам - неќев - не е тоа шо барав, не добив цртеж да го потврдам, не добив нешто ко шо зборевме, димензиите беа утнати... обично сум фин и потклекнувам ама тука реков не - зашо да трупам мебел шо зафаќа простор а нема да можам да го користам за тоа шо ми треба

- го побаравме со дечкиве шо монтираат Дејан на телефон, и тука дојде финалното разочарување. му објаснив полека и со разочаран но сепак учтив глас (не викав, не бев дрзок) дека не е тоа шо зборевме (дечки значи ми се плачеше коа видов шо добив не зезајте) - и ми вртеше некој муабет ами како така, ами кај ќе ти иде столот ако така (сеа по телефон ми објаснувам мене како тоа било пологично коа во живо зборевме друго) - на шо му кажав дека сепак не е тоа шо барав и шо зборевме да ми врати отсечно со „океј тогаш врати го и барај си друг мајстор да ти среди“ и ми спушти (по што им се јави на дечкиве да соберат стварите и да си идат)

ТЛ,ДР / ЗАКЛУЧОК
- требаше да има цртеж да го потврдам пред да се прави бирото (немаше)
- бирото беше скроз утнато
- комуникацијата скоро и да не постои, и на крај не е битно шо си пишувал членот сам си одлучува
- требаше да одржува комуникација за да запази шо ми треба
- требаше да биде за 10 дена - поминаа повеќе од 2 месеци
- требаше да ми каже цена, не ми кажа

Моја препорака е доколку соработувате со членот - да инсистирате на цртеж со точни димензии пред да се прави било шо. Немам сомнение дека во таков случај ќе бидете задоволни од крајниот резултат (квалитет) и веројатно цена - но бидете спремни да си почекате неколку месеци и да не добивате одговори на пораки и на позиви по телефон.

Јас и покрај се ова до моментот коа ми спушти отсечно членот бев спремен да најдеме некое решение. Но откако одби и да се разбере иако тој направи грешка, и не ценеше шо сепак сум чекал 2 месеци за да му дадам прилика да остави пак позитивна импресија, или бар неутрална за да не мора да пишувам еве вакви теми - сепак ме разочара.

Еве и слика од бирото кое го добив, и слика која сеа ја нацртав (top down view) да илустрирам шо зборевме иницијално, шо му кажав да измени и шо очекував а шо добив:

SFSmp7Y.jpg miss.png

За позитивните аспекти од ова искуство (од моја гледна точка) во другата тема:

Позитивни искуства со продажба на хардвер/предмети ( од членови на It.com.mk)
 
Последна промена:

toshex

the fool
18 септември 2013
6.578
8.228
Мелмак
Toshe u tie raboti ili pozitivno ili negativno iskustvo si doziveal. Ne mozes na dva stola istovremeno da sednes.
Odluci si samiot sto si doziveal.

Пишав шо е негативно пишав шо е позитивно. Негативното е далеку повеќе, така шо јас не би идел пак низ истиот процес за едно биро... а и ко шо ме откачија и да сакам валјда нема да можам пак да соработувам со Тајсон.
 

lynx

poweruser
4 септември 2008
3.720
3.572
За тошекс изгледа чашата е секогаш полуполна. Значи се е негативно во вакви ситуации, од неодговорноста за времето на изработка, до изработката што не е како што треба и на крај финалното што во нервоза спуштил телефон затоа што ти си крив за се, а не тој.
 

Avid

senior
21 јануари 2009
6.438
11.490
Скопје
Тајсон бил фален многу пати на форумов, а оваа приказна која сега ја прочитав делува како повеќето искуства што сум ги имал со луѓе што се занимаваат со овој бизнис. У стилот на „уживај баче ќе средиме не е проблем“.
Секако дека треба да се слушне и втората страна од приказната, иако Тошекс е Тошекс и 95% било вака како што е пишано.
За жал, очигледно, Тајсон не е од оние ретките мајстори што знаат да си признаат грешка и неодговорност. Тешко е да се проголта дека се вложило труд кој бил на некој начин узалуд.
И у меѓувреме пробува да го бутне муабетот дека „клиентите обично не знаат што сакаат“.
Претпоставувам дека ова е грешка од брзање и глумење презафатеност и „глаата не знам кај ми е од работа“. Човек знае малку да се збрлави и да ги прецени своите можности кога работи многу, со цел заработување повеќе пари, а парите го расипуваат човекот.
Мојата следна претпоставка е дека Тајсон ќе дојде на форумов, ќе ги прочита негативниве коментари, нормално ќе се навреди, ќе биде лут, ќе му се активира дефанзивниот механизам и повторно нема да признае и ќе сврти некој муабет „кои сте вие да осудувате“ и слично. Оваа реченица ја напишав со цел да не се случи ова.
Но, да видиме :D
 
Последна промена:

toshex

the fool
18 септември 2013
6.578
8.228
Мелмак
Ќе додадам и јас дека стварно бил фален многу и не се сомневам дека добро завршил работа (затоа и го барав човекот, ради препораките). Но за комуникацијата и други членови подоцна ми посочија (пошо ги прашував у меѓувреме како завршиле работа коа мене не ми враќа на пораки веќе) дека исто поминале. Ужасна комуникација.

Не е сеа работава да земам да лепам скринови од тоа колку пати го иам барано и му иам пишувано на човекот, или што ми имаат кажувано други членови, една порака прикачив да се види дека јасно му имав посочено за измени (на која што тој врати и очекував дека е прочитана и земена предвид).

Работава е да се сподели за да знаете шо да очекувате и да инсистирате повеќе или да се поставите подобро од мене за да добиете тоа што сте очекувале.

Јас лекција научив, у иднина со се што би нарачал (од мајстори кај нас, општо) би инсистирал прво на нацртано на хартија или слично со димензии со се, и со цена и запишани бои, со мој потпис на тоа - па потоа изработка.
 

Tajson

lurker
25 февруари 2016
655
864
Премногу зборови за глупава ситуација, во која незнаеш што сакаш. Во твојот случај не постои мајстор кој би ти направил мебел каков ти треба, туку како ти си замислил дека треба да добиеш и на крајот од краиштата заслужуваш таков да ти направат(па подоцна да ти наплатат двојно за преправка).
Нити ти земав пари, нити си материјално оштетен, во оваа ситуација губитникот сум јас, со изгубени пари и време .
Не си дозволил да го монтираат за да го видиш крајниот ефект.
Цената ќе беше крајно форумска да не речам беспари колку материјалот да го платиш.
Си изгубил време да чекајќи, не велам времето не е пари, но и моето време е пари исто.

Посочи го членот кој неможел да ме добие или не сум му одговорил, со комуникација за мебел сум бил со двајца Гојдо и Хардкорец кој од нив неможел да ме добие?

Да на Храдкорец не сум му одговорил побара за смешна цена за елемент од икеа да му дадам понуда, подобро беше да се премолчи отколку да се одговори.

Во твојот случај во два нецели квадрата простор извлеков максимален простор за работа и да се сести столица за работа(ако сакаше да работиш седејќи на кревет што не кажа ќе направев таква плотна?).
Искрено те игнорирав на почетокот имав премногу работа а и мајсторот на цнц машината во меѓувреме напушти па со новиот вработен стартаме со обука од нула, но тоа е моја интерна работа.
Да и јас научив едно школо прво земи пари па после прави нешто, и да отсега секој што ќе сака да порача нешто спремете си цртеж со димензии па повелете да добиете цена, не доаѓам на лице место без договорена цена и уплатен аванс, нормално претходно дојдете да изберете материјал, оков итн. Мерките ќе бидат претпоследна фаза од работата кога се ќе биде договорено.

Нема да пишувам повеќе на темава кој сака нека ''онанира'' слободно на темава, не ме засега.
Овде сум да се занимавам со моето хоби, а не да бркам бизнис.

п.с. Да, Тоше истото важи и за тебе слободно измери нацртај(ако неможеш сам побарај архитект или сл.) повели во мојата канцеларија на договор за материјали, цена, рок итн. Ако постигнеме договор ќе соработуваме ако не да си жив и здрав.
 

Pane24

Mariovec
31 октомври 2012
6.479
7.737
Скопје
www.facebook.com
Мојата следна претпоставка е дека Тајсон ќе дојде на форумов, ќе ги прочита негативниве коментари, нормално ќе се навреди, ќе биде лут, ќе му се активира дефанзивниот механизам и повторно нема да признае и ќе сврти некој муабет „кои сте вие да осудувате“ и слично.
Да и јас научив едно школо прво земи пари па после прави нешто, и да отсега секој што ќе сака да порача нешто спремете си цртеж со димензии па повелете да добиете цена, не доаѓам на лице место без договорена цена и уплатен аванс, нормално претходно дојдете да изберете материјал, оков итн. Мерките ќе бидат претпоследна фаза од работата кога се ќе биде договорено.
И јас таков став имав кога шиткав графики , али сфатив дека треба да се почитува муштеријата пред све , не треба многу нависоко кревање . Бидеќи од таквите муштерии ние заработуваме и треба и најмалце почит пред све. Иако знае да биде напорен и досаден али таков е бизнисот и таква е работата.
Треба да се навикнеш на тие работи пред све. Верувај дека знам како е.
И јас сум презафатен и преполн со работа али за муштеријата секогаш имам време да му помогнам , да го советувам и т.н А ти на овој начин изразуваш ароганција , нависоко кревање и без малце почит.
Додуша и тоше знае да биде оток некој пати али има добро срце и добри намери.
Затоа смирете си страсти обајцата , истерајте си ја докрај работата , земи некако преправи го тоа чудото и двајцата да бидете задоволни и да си свиркате.
 

Avid

senior
21 јануари 2009
6.438
11.490
Скопје
Јас лекција научив, у иднина со се што би нарачал (од мајстори кај нас, општо) би инсистирал прво на нацртано на хартија или слично со димензии со се, и со цена и запишани бои, со мој потпис на тоа - па потоа изработка.
Види, треба да ги разбереш и нив. Мајка ми и една комшика замараа неколку дена еден да им нацрта, доаѓаше он неколку пати мереше гледаше, објаснуваше, им нацрта и им ги даде цртежите, и од тогаш не му се јавија пошо се жени во климакс и не знаат што со себе, си правеа колку да им е интересно, колку нешто да се дешава, како членови овде кога сакаат да купат нешто/склопат конфигурација, и овој после се налути ептен секако (комшија е на роднина, ми пренесе роднинава) :D
  • во која незнаеш што сакаш
  • Искрено те игнорирав на почетокот имав премногу работа
Опасен снајпер сум :D
 
Последна промена:

HardCorec

poweruser
4 ноември 2013
3.599
5.545
dominion.mk
HardCorec's setup  
Processor & Cooler
Intel i5 12400F
Motherboard
Asus B85 Pro Gamer
Storage
SSD Kingston 2TB
PSU
Cooler Master B500
RAM
HyperX Beast 4x16gb
Video card
GTX 1660 Super
Case
Cooler Master HAF
Mouse
Asus Echelon
Keyboard
Cooler Master Storm
Monitor
Philips 276E
OS
Windows 10 Pro 64bit
@Tajson
Јас колку знам те спомнав во позитивни искуства, не знам што ме измеша мене тука :)
Јас тоа што ти го побарав првиот пат тоа и го добив, те пофалив и слики им пратив на еден куп членови, а за второво ти пратив само слика како пример (што сакам), не добив одговор ама па не ни замерив (нити па ширам некаков муабет за тоа) а не ни планирав да ти досадувам, верувам дека си зафатен па оставив на тебе...ако ми дадеше цена, супер, ако не, да си здрав и жив.
Стварно не ми е јасен твојов муабет :) испаѓам како клошар на кој му е скапа икеа па ке се гребам кај тебе :)
 

toshex

the fool
18 септември 2013
6.578
8.228
Мелмак
Премногу зборови за глупава ситуација, во која незнаеш што сакаш. Во твојот случај не постои мајстор кој би ти направил мебел каков ти треба, туку како ти си замислил дека треба да добиеш и на крајот од краиштата заслужуваш таков да ти направат(па подоцна да ти наплатат двојно за преправка).
Нити ти земав пари, нити си материјално оштетен, во оваа ситуација губитникот сум јас, со изгубени пари и време .
Не си дозволил да го монтираат за да го видиш крајниот ефект.
Цената ќе беше крајно форумска да не речам беспари колку материјалот да го платиш.
Си изгубил време да чекајќи, не велам времето не е пари, но и моето време е пари исто.

Посочи го членот кој неможел да ме добие или не сум му одговорил, со комуникација за мебел сум бил со двајца Гојдо и Хардкорец кој од нив неможел да ме добие?

Да на Храдкорец не сум му одговорил побара за смешна цена за елемент од икеа да му дадам понуда, подобро беше да се премолчи отколку да се одговори.

Во твојот случај во два нецели квадрата простор извлеков максимален простор за работа и да се сести столица за работа(ако сакаше да работиш седејќи на кревет што не кажа ќе направев таква плотна?).
Искрено те игнорирав на почетокот имав премногу работа а и мајсторот на цнц машината во меѓувреме напушти па со новиот вработен стартаме со обука од нула, но тоа е моја интерна работа.
Да и јас научив едно школо прво земи пари па после прави нешто, и да отсега секој што ќе сака да порача нешто спремете си цртеж со димензии па повелете да добиете цена, не доаѓам на лице место без договорена цена и уплатен аванс, нормално претходно дојдете да изберете материјал, оков итн. Мерките ќе бидат претпоследна фаза од работата кога се ќе биде договорено.

Нема да пишувам повеќе на темава кој сака нека ''онанира'' слободно на темава, не ме засега.
Овде сум да се занимавам со моето хоби, а не да бркам бизнис.

п.с. Да, Тоше истото важи и за тебе слободно измери нацртај(ако неможеш сам побарај архитект или сл.) повели во мојата канцеларија на договор за материјали, цена, рок итн. Ако постигнеме договор ќе соработуваме ако не да си жив и здрав.

У цел процес јас сум и бев крајно учтив, и се шо напишав се случи. Ко шо кажа сам, времето е пари така шо не си само ти губитник тука туку и јас. 2 месеци чекав биро, и си седев должен на збор и покрај ете игнорирања, и неинволвираност.

И каде тоа не сум дозволил да се монтира? Го пробаа дечките бирото у единствената логична ориентација не го собираше, иако пак ќе кажам не зборевме за биро на тој ѕид и дефинитивно и да го собираше немаше да го прифатам.

Беше кај мене, виде, измери, установивме на кој ѕид треба да иде бирото. Сеа викаш јас не знам шо сакам, и не било изводливо... Па зашо не ми кажа истиот ден, или било кога измеѓу у два месеци. Зашо уопште да направиш нешо за кое не си ме прашал дали ми одговара као алтернатива. Ете достапен ти бев на пораки, телефон, вибер... секаде.

За цената замерив само дека цело време немав појма колку ќе биде, не е битно колку евтино ќе беше треба да се знае колку ќе чини нешто за да извадам пари, да си планирам боже сачувај. Не се сомневам дека стварно ќе беше најевтино ко шо кажа, ама пак шо ако немам у мене у моментот толку па да треба банкомат да барам или не знам шо.

Затоа те прашав 2-3 пати кажи цена, ти ми враќаше само со - не се секирај најевтино.

Вакви извадени од контекст реплики па и клеветење други членови као ХардКорец те молам немој. Ете @ARMac јавно имаше спомнато у тема коа бараше биро дека те барал долго време не можел да те добие, ти одговори на неговото мислење дека си бил зафатен.

И ете сам си кажуваш дека игнорираш коа си зафатен. Кој дел од тоа дека има ужасна комуникација у целава работа го преувеличувам, па и го негираш?

Значи трендинг ствар е да си зафатен океј, ама па тогаш кажи ми од старт зафатен сум ќе чекаш толку и толку за биро. Мене ми кажа за 10 дена биро ќе имам, за еден ден ќе нацрташ набрзина да видиме шо се договоривме црно на бело, на крај ни тоа ни тоа бидна.

Втора замерка околу комуникацијата, ете - ти пишав 2 пати дека неќам на Ге биро, тој дел зашо си го игнорирал? Еднаш истиот ден коа си замина, еднаш на порака на која одговори.

У истата порака убаво те прашав и дали ги имаш уше димензиите и ти потенцирав дека е најбитно бирото да иде околу ступчето издадено, шо значи секако дека на тој ѕид инсистирам да иде.

И шо е спорно тука на крај? Ти направи биро кое јас не го барав од тебе - нормално е дека нема да го прифатам. И целото искуство е како што го опишав, не може да го смениме сеа тоа.

Види, треба да ги разбереш и нив. Мајка ми и една комшика замараа неколку дена еден да им нацрта, доаѓаше он неколку пати мереше гледаше, објаснуваше, им нацрта и им ги даде цртежите, и од тогаш не му се јавија пошо се жени во климакс и не знаат што со себе, си правеа колку да им е интересно, колку нешто да се дешава, како членови овде кога сакаат да купат нешто/склопат конфигурација, и овој после се налути ептен секако (комшија е на роднина, ми пренесе роднинава) :D
Опасен снајпер сум :D

Баш снајпер, баш ете така кажа - не знам шо сакам :)

Абе ги разбирам и да кажеше цртежот ќе кошта пари ќе си платев. Не може сеа едно дискутирано друго направено - сам кажа ќе нацрта (не очекував 3д туку само да прати слика од на салфетка или ливче малку подетално нацртано отприлика шо сме збореле за ете вакви ситуации да се избегнат - пример да не нацрта плакар а сме збореле за биро, па да се корегира пред да се крои).

Не ми е прв пат да купувам мебел по мерка. Иам кујна, тв-комода, и ред други ствари дома. Работава беше дека ми требаше нешто итно сите други кои ги прашав ми велеа 4-5 месеци унапред се пребукирани, дури и за цртеж некои ми велеа месец два ќе чекам.

Тајсон беше едини кој кажа дека нема проблем за 10 дена ќе биде се готово.

И јас таков став имав кога шиткав графики , али сфатив дека треба да се почитува муштеријата пред све , не треба многу нависоко кревање . Бидеќи од таквите муштерии ние заработуваме и треба и најмалце почит пред све. Иако знае да биде напорен и досаден али таков е бизнисот и таква е работата.
Треба да се навикнеш на тие работи пред све. Верувај дека знам како е.
И јас сум презафатен и преполн со работа али за муштеријата секогаш имам време да му помогнам , да го советувам и т.н А ти на овој начин изразуваш ароганција , нависоко кревање и без малце почит.
Додуша и тоше знае да биде оток некој пати али има добро срце и добри намери.
Затоа смирете си страсти обајцата , истерајте си ја докрај работата , земи некако преправи го тоа чудото и двајцата да бидете задоволни и да си свиркате.

Цц ц ц оток :)))

Дека од тебе и знам у која смисла го кажуваш нема да се увредам. Али не е отекување да пробаш да контактираш некој ете баш ради вакви причини. Колку пати го барав да потврдиме шо зборевме да се оформи цртеж/јасна слика за да не се утне и на крај се утна.

Живи здрави биле.

Иначе јас ете ќе послушам совет од Тајсон ќе си измерам, нацртам, и право во Карат М, Солопром или Новомак да ми ги изрежат и достават плочите, па ќе го склопам сам.

Ете да видам сам дали знам или не знам шо сакам и дали до толку не сум паметен да склопам 4 даски.
 
Последна промена:

Tajson

lurker
25 февруари 2016
655
864
Које тој Армац и кога ме побарал, човекот напишал порака, не сум бил присутен на форумот(нензаев дека морално е на форумов да си секој ден или час) не сум прочитал и каква е таа ужасна комуникација, човекот нити се јавил, верувам нема ни мој број.

Пане работам со своја фирма 28 години сум прошол сито и решето, така да многу добро ''читам'' муштерии и луѓе.

Хардкорец извини братче, те спомнав зошто единствено со тебе сме направиле нешто, па логиката ме одвлече на погрешна страна.

Тоше само напред таквите ко тебе и се муштерии за тие три фирми што ги наброја. Таму нема по мерка таму има само услуга и материјал кој целиот го земаш со сите остатоци употребливи или не. Таму се се плаќа па дури и воздухот кој ќе го дишеш внатре. Тие пари земаат веднаш и не се замараат понатаму со муштеријата. Ги знам нивниот модел на работа, зошто и јас давам услуги од исти тип, но разликата е во тоа што јас имам и производство на мебел. Така да само напред.

Никој никаде не ти побара пари, и последниот телефонски разговор беше ако се сеќаваш, ти да бидеш задоволен и да се излезе како треба, потоа за пари лесно ќе се разбереме.
Не беше задоволен, не плати ништо, те молам не ме замарај, и не ме пингај и спомнувај повеќе.
 

toshex

the fool
18 септември 2013
6.578
8.228
Мелмак
Па ти ме пингаше после споделување на моето искуство кое пак ќе потенцирам дека е од збор до збор се ко шо беше.

И јас оставив простор да ти се покажеш и на крај да не бидам незадоволен ама ете ко шо кажав не сум задоволен шо од се шо кажа ништо не испорача, а изгубив 2 месеци. Тоа е моето искуство со се ова.

Имаше секакви шанси и прилика да бидеш достапен, да се разбереме и да биде подобро. Ти бев достапен и на располагање, не пишувам на памет. Камо да беше вака заинтригиран коа требаше да биде работава па да се договориме убаво.

Пак ќе повторам се шо напишав се случи, од нереспонзивност до неиспорачаност. Што е замерката? Дека го пишав јавно?

Или проблемот е дека не ми зеде пари па немам право да споделам искуство пошо не сум оштетен парично?

Па ако у сет нарачам телевизор, и ми донесат фрижидер и им го вратам, шо треба да се лутат и да ми кажат дека просторот ми бил пооптимизиран за фрижидер?
 

Tajson

lurker
25 февруари 2016
655
864
Многу смараш братче, ај заобиколи ме у поширок круг, а и кога ме влечеш за јазик ќе ти одговорам.
Кага ја испрати таа порака што си ја постирал погоре во постот , материјалот беше скроен и се работеше во производство. Заради икс причини неможев пред велигден никако да монтирам, сите муштерии пред празник се полудени (како божем после велигден и први мај нема да се живее), бирото беше готово на 22-ри Април и чекаше момент да се монтира.
Бирото си го сликнал но не си ја сликнал и дополнителната плотна над елементчето со полички така да композиијата бече одлична. Бирото е до милиметар точно за просторот кај тебе, дури и мајсторите ми го потврдија тоа (пофес вика мајсторот здравје), уште кога си го видел си рекол не ти се допаѓа и нема зошто да се монтира, тука заврши муабетот. Не си му дал шанса на бирото да го видиш во целина, нити си поставил лаптоп или пц или за што и да е намената. Ниту си поставил столица, едноставно со го одбил, твоја воља ти си газда и крај.
По телефон ти кажав барај си друг мајстор, моите нека го вратат бирото назад и завршена работа.
Овде ме замараш со твоето нарушено его, како господинот се нашол навреден па имал лошо искувство, си изгубил време итн.
Да не почнеше да ме пингаш нити ќе ти одговорев ниту ќе се замарав. Јас исто изгубив време со тебе, а потрошив и пари.
Првичниот инстинкт уште кога дојдов кај тебе дома да измерам, ми беше дека најдобро е да те откачам од старт, ама пошто беше упорен во пораките ајде се решив ќе направам биро по мое убедување како е најдобро за просторот, првично и така беше муабетот немаш идеја како најдобро да се изведе. И највеќе заради познанството од форумот (ми направиле еден куп луѓе тука услуги кој со совет кој со работа) решив да направам услуга.
Згрешив, грешката ме кошта, ама ова ''туторијаливе'' твои па како, па зошто, па смарање до миле воље.
Знам дека секој мој пост ќе изгледа како да сакам да се правдам, немам намера, во мојата работа сум успешен и тие што се во мојот бизнис го знаат тоа, имам 24 запослени а тоа се 24 фамилии кои јадат лепче од мојот бизнис и начин на работа.

Пишувај слободно колку сакаш, нити ме тангира тоа, нити пак ќе ми наштетиш со твоето пишување, како што и претходно напишав не сум на форумот да бркам бизнис тука сум заради моето хоби и да помогнам некому ако се може.



п.с. Има ли некој начин на форумов да не гледам постови од некого и да неможе да ме пинга или да ми стасуваат ''ѕвончиња'' штом ја отворам станцицата на форумот??
 

toshex

the fool
18 септември 2013
6.578
8.228
Мелмак
Има блок опција за последното прашање, слободно блокни ме не знам шо се изнервира толку само ти одговарам на прашањата.

А за другото еве ја прикачена пораката моја (прва) за на Ге делот дека не треба кога е пратена и видена (истиот ден 15 минути откоа замина од кај мене). На вибер каде комунициравме има seen. Сигурно не беше скроено тогаш бирото.

Screenshot_20190504-102846_Viber-01.jpeg

А втората порака од комуникацијата овде на форумот (споделена погоре) е од 17ти април.

Пак ќе кажам јас си споделив искуство ти како сакаш врти го. Грешкиве се ради недостаток на комуникација која да ја имаше ќе се избегнеше.

Ова веќе на раб на вреѓање стигна и вртење муабети. Ај да монтираа па компјутер да ставам китка па да кажам Е ДА СЕА МИ СЕ СВИЃА. Или полошо да монтираа да истрошеа време па после да кажев дека не е ко шо договоривме и да им викам демонтирајте па и за тоа да замериш. А тоа шо не го збираше у таа ориентација и пробаа дечките сеа не било така лажам јас.

Сеедно веќе не знам шо е поентата на муабетов. Си се испокара затоа шо кажав како беше искуството, па на прво среќавање сеа велиш си имал шесто сетило некое дека не требало да ми правиш биро па не знам шо...

Срамота. Толку од мене.

Испратено од s8+ преку IT.mk форум апликација
 
Последна промена:

Avid

senior
21 јануари 2009
6.438
11.490
Скопје
Првичниот инстинкт уште кога дојдов кај тебе дома да измерам, ми беше дека најдобро е да те откачам од старт
Инстинктите се измислена работа.
Човекот прима дразби од околината, поврзува со минати искуства, размислува и делува.
Што прими од околината ти за да дојдеш до „инстинктов“?
 

vlavot

poweruser
29 октомври 2009
3.150
3.090
vlavot's setup  
Processor & Cooler
Intel® Core™ i5-2500k (4.6Ghz OverClocked) + Corsair H80i
Motherboard
Asus Sabertooth P67 B3 Rev 3.0 TUF Military-Grade
Storage
Samsung 840 pro 256 GB + WD5000AAKX SATA3 500GB Blue
PSU
Chieftec APS-650CB A-135 80PLUS
RAM
Kingston Hyper X Genesis 2X4GB DDR3 1866Mhz Dual-Channel
Video card
Asus Radeon R9 290 4GB + NZXT KRAKEN G10 & Corsair H55
Case
Cooler Master CM Storm Trooper
Mouse
Corsair Vengeance m95 White
Keyboard
Cooler Master Storm Trigger Z Cherry Mx Brown
Audio
Marantz PM6005 + Wharfedale Diamond 9.6
Monitor
Dell UltraSharp U2414H 24''
OS
Windows 10 Pro X64
Мое мислење, апсолутна кривица на Тоше, да молам некого јас за мои пари биле 2 денари или 2 милиона денари.
Мои пари, како сметам и сакам да биде така ќе биде, може сугестија, ама на крајот муштеријата е секогаш у право.
Тоше требало штом првите 5 дена го немало и не ти вратил на порака, одма го дефтосувам и барам друг.

А да се замарам со некого да го молам за мои пари, без разлика дали ќе ми даде ефтино или не, нема потреба.
Затоа такви братски блиски понашања, уживај ќе биде ќе средиме, за тебе брат топ цена итн се тригер да си бараш друг продавач.
Професионалноста е клучна работа, а да не може да врати едно пораче не фала.


Затоа пак пишувам, за мои пари ако му речам и гаќи ќе соблече




Sent from my iPhone using Tapatalk
 

igor_igor

poweruser
2 септември 2012
2.286
3.985
Скопје
igor_igor's setup  
Processor & Cooler
Intel® Core™ i5-14400F + Deepcool AG400 V2 ARGB White
Motherboard
ASrock B760M-HDV/M.2 White
Storage
SSD Kingston NV1 500GB M.2 / HDD Seagate BarraCuda 2TB (ST2000DM008)
PSU
Cooler Master V750 GOLD V2
RAM
2 x 16GB (32GB) Kingston HyperX FURY RGB 6000MHz DDR5
Video card
ASRock Phantom Gaming D RX 6800 16GB OC
Case
White Shark Bullet Gaming GCC-2303 White
Mouse
A4 X5 MAX Bloody Gaming Esports Stone Black
Keyboard
X7 A4tech G800 MU
Monitor
Cooler Master GM238-FFS 144hz IPS / AOC D2357Ph Led 3D
OS
Windows 11 Pro

gOJDO

sensei
23 јануари 2008
11.065
19.032
Skopje
www.insomnia.mk
gOJDO's setup  
Processor & Cooler
@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@&&&&@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
Motherboard
@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@&#BGP5555PGBB#&@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
Storage
@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@#G5YY5PB#&@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
PSU
@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@&GY!^:~7JJJJ??77777??JJY5PGB#&@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
RAM
@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@#5!: ..:^~~!7??JYYYYJJJJJJYYPG#&@@@@@@@@@@@@@@@@@
Video card
@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@&5!. .^!?YPB&&@@@@@@@@@#B#@@@@@@@@@@&&&@@@@@@@@@@@@@@@@@
Case
@@@@@@@@@@@@@@@@@@@&P7. :?5G#@@@@@&BGB@@@@@@@@PPP&@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
Mouse
@@@@@@@@@@@@@@@@@G7:.~. ^5@@@@@@@@&P5P#@@@@@@BPPG@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
Keyboard
@@@@@@@@@@@@#&@@@@@@@@@@@@@@&BY7~^^!7YPGBBB#&&@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
Audio
@@@@@@@@@@@@@@#Y~~JG&@#Y^ .7G&@@@@@#PPPGB#BBP5PG&@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
Monitor
@@@@@@@@@@@@&PJ5#@@@@@@@@BY~. :75B&@@@&BGPPPPGB&@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
со комуникација за мебел сум бил со двајца Гојдо и Хардкорец кој од нив неможел да ме добие?
Не сме збореле со Тошка за тебе, ниту пак со некој друг.
 

Последни теми

Последни огласи

ит маркет

На врв Дно