Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Најдобар бојлер кај нас

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.760
6.466
SK
Две прашања:
1. Живеам во зграда што ми треба од аспект на електрика за да монтирам проточен?
2. Како се носат проточниве со скопскава тврда вода?
1. Гледаш во спецификациите колку ампери влече бојлерот, потоа гледаш колку е максимумот на каблажата во бањата каде сакаш да го инсталираш бојлерот. Но генерално, ако специфично не е нагласено дека има ожичување за такви моќни потрошувачи: најверојатно ожичувањето нема да може да издржи толку ампери. Во тој случај ќе треба да менуваш струјна инсталација до бојлерот.
2. Има разни искуства, моето за сега е so far so good, 3-та година со Siemens DH 24100. Но помалку од 10 години, тоа не е репрезентативно искуство. Треба повеќе. Како што кажаа погоре модели со бакарни цевки се подобар избор од модели со пластични цевки - причината е во тоа кога ќе затреба да се чисти бигорот/каменецот, бакарните цевки наводно имаат повеќе шанси без оштетување да ја издржат процедурата на чистење. Негативната страна е што моделите со бакарни цевки имаат механичка контрола на температура на водата, или мене ако ме прашаш тоа е предност. Секој со своите потреби и размислувања.


Дечки, како се однесува проточниот бојлер кога 1-2 во неделата треба да наполниш 160х70цм када? Дали ќе потроши помалку струја од класичниот за таков подвиг или повеќе?
Нема проблеми за полнење када. Ја полни. :hay:
Сериозно, тоа за трошењето зависи од неколку работи. Класичните бојлери, ако не ги искористиш кога ќе ја загрееш водата - потоа водата се лади (пошто изолацијата на казаните за вода и не е ништо посебно). Кога водата се лади имаш финансиски загуби. Е сега ако водата ја искористиш веднаш после загревање, тогаш немаш такви загуби. Но за такво користење треба пазење, чекање да се загрее водата, итн. Со проточен бојлер ако сакаш да бидеш економичен, едноставно само ќе почекаш да дојде евтината тарифа на струја. ;)
 

pinky

lurker
23 мај 2009
525
428
Предност на обичен бојлер, гледам нема спомнато, е што може да се поврзе на тајмер, да грее вода само на евтина тарифа, а да се троши во секое време. Ако е добро изолиран, топлинските загуби се минимални.
 

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.760
6.466
SK
Во теорија е така, во пракса не е... За изолацијата зборам.
Си видел каква „изолација“ ставаат во бојлерите? Колку да се каже дека има некаква изолација, најчесто само тенок слој камена/стаклена волна странично окулу цилиндерот на казанот.

Во пракса потполно наполнет бојлер во 2 часот попладне, до навечер може да се излади и повеќе од пола од акумулиранта топлина, па и повеќе ако ако се условите такви (зима, незагреана бања, итн).

Токму ова е најголемата предност на проточните бојлери.
Топлата вода ја трошиш веднаш кога ја загреваш.

Друга голема „мана“ на обичен бојлер. Ако имаш бојлер од 100 литри (да кажеме), ти баче загреваш 100 литри вода. Секогаш. Сеедно дали некогаш ти треба само краток туш и ете можеби 10 литри вода, ти ќе треба да загрееш 100 литри вода. Што се случува со неискористената вода? Ништо, само целосно ќе се излади до следната потреба за туширање, и непотребно си ја изгубил топлината за која си потрошил пари.

Со проточен бојлер грееш само толку вода колку што трошиш.
Додатен проблем е што некогаш повеќе луѓе треба да се избањаат па 100 литри не се доволни, тогаш некој треба да чека повторно да се загрее бојлерот, а постапката нели - воопшто не е брза. Со проточен бојлер секогаш имаш доволно топла вода. Единствен проблем е ако сакаш да го ограничиш некој да не забегува и да не се заборава под туш... :hay:

Уште една работа, со проточен бојлер водата ја грееш на температура на која ќе ја користиш. На пример, ако сакаш да се тушираш со ~40 степени целзиусови, водата се загрева токму на ~40 и веднаш се тушираш со неа. Обичен бојлер се смета за „полн“ кога водата во него се загрева до некои ~80с, можеби грешам +- 10с, нека ме поправи кој знае поточно. Но муабетот е дека кога водата се загрева до повисока температура, тогаш се прави повеќе бигор, што потоа прави проблеми во работата на бојлерот.
 

bxxxn

user
11 март 2011
1.659
1.812
По дифолт немаш инсталација за проточен, имаш вградено кабел 3 × 2,5 mm2, а ти треба минимум 4 × 4 mm2 па нагоре (поради квачитетот на бакарот и делумно помал пресек на кабли земи што подебел кабел). Плус осигурувачи 32 А, плус фид склопка. Треба штемување од табла со осигурувачи до бојлер, доколку нема места за склопката и осигурачите ти треба и нова табла.

Проточен солиден беше околу 250-300 евра. На цената на бојлерот додаваш 20 евра кабел, 30 евра склопка, 5 евра осигурувачи, веројатно барем 50 евра работна рака. Плус маката со генералка дома после штемување.

Не е едноставно, може само упорен форумџија да ја истурка работата.:)
 

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.760
6.466
SK
Најдобро е при изградба да се испланира ова, ама ете со „малку“ мака можно е и одпосле. :)
Осигурувачи и фид склопка ќе бидат наједноставниот проблем во зафатот. Јас лично ставив 3 од по 40 ампери спец, нека има...
 

nikola_bb

hello world
14 август 2009
402
123
Значи ми треба од осигурачка табла до бања инсталација? Мене ми беше страв да не треба до надвор до струјомер да се влече... Ако е до осигурачка не е толку проблем релативно блиску ми е до бања.
 

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.760
6.466
SK
По дифолт осигурачите се некаде централно во ходник, а во бањата секако се влегува од ходник. Барем така е кај мнозинството нас плебси, различно е во богаташки палати и резиденции каде секоја спална има своја одделна бања. ;)
 

bxxxn

user
11 март 2011
1.659
1.812
Од табла до бандера не се влече кабел, ЕВН гарантира јачина до кај 40 KWh по приклучок, проточниот влече половина од тоа кога е на максимум, ако се грееш на струја во просек 2-3 KWh по грејно тело, шпорет 1-2 KWh, климата 1-3 KWh, сите сијалици (од класичните) околу 1 KWh, така да ти останува добра резерва. Веројатно збирот во пракса е и помал.
 

FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.553
19.226
Веќе кажав и ризикувам да ме прогласат за Ting агитатор.
Тинг имаат полиоретанска изолација и скоро и да немаат топлински загуби.
Ова дефинитивно го видов ова лето со облачните денови.
Чим бојлер е топол однадвор тури му к*рот и барај нов.
Друго!
За затоплување на водата од 5 до 20 степени се троши иста количина на енергија колку од 20 до 100.
Трето и за некој многу битно, болјерите се од 2 до макс. 3 kW па муабетиве дека проточно од 24/36 kW е поекономичен избор ми делуваат како од друга галаксија.
6 kW за 15 минути ни оддалеку не е економично решение туку е практично.
И јас имам проточно кое го користам во кризни ситуации (Stiebel Eltron made in West Germany. Мембранско односно механичко)

Четврто
Тингот од 100 литри се загрева од 30 до кај 60 степени за 30 до 45 мин.
Ова гледано на електрониката од соларното а не на сказалката.
 

Derof

hello world
16 јануари 2016
126
58
Велес
Derof's setup  
Processor & Cooler
I5 6500
PSU
CM 750 GM
RAM
8 a data 2133mhz
Video card
gtx1060 windforce
Case
CM
Monitor
Dell
OS
Win 10
Во теорија е така, во пракса не е... За изолацијата зборам.
Си видел каква „изолација“ ставаат во бојлерите? Колку да се каже дека има некаква изолација, најчесто само тенок слој камена/стаклена волна странично окулу цилиндерот на казанот.
Еј Ни у велес не користат стаклена волна со години , полиуретанска изолација се користи .
 

Ragnar

poweruser
9 декември 2015
2.507
3.110
Macedonia
Ragnar's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 3 2200G
Storage
Samsung 850 EVO 500 GB SSD
RAM
8 GB
Monitor
DELL S2419H
OS
Windows 10 Pro
Значи ми треба од осигурачка табла до бања инсталација? Мене ми беше страв да не треба до надвор до струјомер да се влече... Ако е до осигурачка не е толку проблем релативно блиску ми е до бања.
Само пак не може било каков. Јас прво купив 21 KW електричарите не сакаа да го местат постара била изолацијата во зградата (1980) па го сменив за 18 KW
 

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.760
6.466
SK
Еј Ни у велес не користат стаклена волна со години , полиуретанска изолација се користи .
Ок, нека е така. Колку дебела полиуретанска изолација, пола сантиметар или цел сантиметар? Од наутро до навечер секако барем три пати ќе се излади водата во бољерот? Или ајде ако веќе знаеш кажи кој е тој бољер со добра изолација кој се продава овде, а изолацијате му е доволно добра да водата во него не се лади релативно бргу. :)
 

nikola_bb

hello world
14 август 2009
402
123
Што знам јас сега кај што сум имам Кончар од на времето и има стварно машка изолација стаено, вечер грее го гасам ко ќе станам и кај 8-9 има топла вода...Додека тоа леов-от што го имав кај моите ем 2 пати се дупна ем изолација нула.
 

maci

poweruser
2 април 2008
3.383
972
проточно болјерче по јачина е исто со котле за парно.
за изолација на старите болјери што имаат камена или стаклена волна може да направите сами.
ја вадите камената,стаклената волна и купувате пур пена, и шприцај внатре :)

продавам половен 80л. бојлер кончар,исправен,очистен од бигор,со грејач 2500 вати.цена по договор.
 

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.760
6.466
SK
Двата вида на бојлери имаат предности и маани. Се додека се знаат и предностите и мааните, па потоа секако секој за себе сам си избира.
 

vlavot

poweruser
29 октомври 2009
3.150
3.090
vlavot's setup  
Processor & Cooler
Intel® Core™ i5-2500k (4.6Ghz OverClocked) + Corsair H80i
Motherboard
Asus Sabertooth P67 B3 Rev 3.0 TUF Military-Grade
Storage
Samsung 840 pro 256 GB + WD5000AAKX SATA3 500GB Blue
PSU
Chieftec APS-650CB A-135 80PLUS
RAM
Kingston Hyper X Genesis 2X4GB DDR3 1866Mhz Dual-Channel
Video card
Asus Radeon R9 290 4GB + NZXT KRAKEN G10 & Corsair H55
Case
Cooler Master CM Storm Trooper
Mouse
Corsair Vengeance m95 White
Keyboard
Cooler Master Storm Trigger Z Cherry Mx Brown
Audio
Marantz PM6005 + Wharfedale Diamond 9.6
Monitor
Dell UltraSharp U2414H 24''
OS
Windows 10 Pro X64
Веќе кажав и ризикувам да ме прогласат за Ting агитатор.
Тинг имаат полиоретанска изолација и скоро и да немаат топлински загуби.
Ова дефинитивно го видов ова лето со облачните денови.
Чим бојлер е топол однадвор тури му к*рот и барај нов.
Друго!
За затоплување на водата од 5 до 20 степени се троши иста количина на енергија колку од 20 до 100.
Трето и за некој многу битно, болјерите се од 2 до макс. 3 kW па муабетиве дека проточно од 24/36 kW е поекономичен избор ми делуваат како од друга галаксија.
6 kW за 15 минути ни оддалеку не е економично решение туку е практично.
И јас имам проточно кое го користам во кризни ситуации (Stiebel Eltron made in West Germany. Мембранско односно механичко)

Четврто
Тингот од 100 литри се загрева од 30 до кај 60 степени за 30 до 45 мин.
Ова гледано на електрониката од соларното а не на сказалката.

На -5 до -10 со температура на вода ос чешма на 6-7 степени за колку време се загреваат 100l со 2-3kw греач?


Sent from my iPhone X using Tapatalk
 

pinky

lurker
23 мај 2009
525
428
Во теорија е така, во пракса не е... За изолацијата зборам.
Си видел каква „изолација“ ставаат во бојлерите? Колку да се каже дека има некаква изолација, најчесто само тенок слој камена/стаклена волна странично окулу цилиндерот на казанот.

Во пракса потполно наполнет бојлер во 2 часот попладне, до навечер може да се излади и повеќе од пола од акумулиранта топлина, па и повеќе ако ако се условите такви (зима, незагреана бања, итн).

Токму ова е најголемата предност на проточните бојлери.
Топлата вода ја трошиш веднаш кога ја загреваш.

Друга голема „мана“ на обичен бојлер. Ако имаш бојлер од 100 литри (да кажеме), ти баче загреваш 100 литри вода. Секогаш. Сеедно дали некогаш ти треба само краток туш и ете можеби 10 литри вода, ти ќе треба да загрееш 100 литри вода. Што се случува со неискористената вода? Ништо, само целосно ќе се излади до следната потреба за туширање, и непотребно си ја изгубил топлината за која си потрошил пари.

Со проточен бојлер грееш само толку вода колку што трошиш.
Додатен проблем е што некогаш повеќе луѓе треба да се избањаат па 100 литри не се доволни, тогаш некој треба да чека повторно да се загрее бојлерот, а постапката нели - воопшто не е брза. Со проточен бојлер секогаш имаш доволно топла вода. Единствен проблем е ако сакаш да го ограничиш некој да не забегува и да не се заборава под туш... :hay:

Уште една работа, со проточен бојлер водата ја грееш на температура на која ќе ја користиш. На пример, ако сакаш да се тушираш со ~40 степени целзиусови, водата се загрева токму на ~40 и веднаш се тушираш со неа. Обичен бојлер се смета за „полн“ кога водата во него се загрева до некои ~80с, можеби грешам +- 10с, нека ме поправи кој знае поточно. Но муабетот е дека кога водата се загрева до повисока температура, тогаш се прави повеќе бигор, што потоа прави проблеми во работата на бојлерот.

Не знам како е со новиве болјери, ама јас со "МИК Кавадарци - Југославија" :) немам проблем со загуба на топлина. Казанот секогаш е ладен на допир. Во скапа тарифа секогаш имам вода за две туширања по 15 минути, дури и во 1:30 попладне. Ако никој не ја потроши водата во скапа тарифа, догревањето трае 10-15 минути, што би значело дека има околу 500W загуба на секои ~8 саати.

Секако има и маани во споредба со проточен, ама во мојот случај, кај што вецето е секогаш топло и скоро секој ден се искористува водата во скапа тарифа, тајмерот е супер решение.
 

Astraion

poweruser
24 ноември 2012
2.164
3.213
Струмица
Врвот го држи овде Stiebel Eltron
Препорака и од мене за Stiebel Eltron.
Првиот го порачавме од Германија во далечната 1987 и траеше добри 20 години. Го заменивме со друг Stiebel Eltron и еве го веќе 10+ години.
Убедливо најдобар избор за парите. Топла вода on demand. :)

- Единствена мана на проточните е слабиот притисок на водата, при што малце потешко се регулира температурата при туширање.
 

bxxxn

user
11 март 2011
1.659
1.812
Што тајмер имаш, мене искрено ми е страв бојлер/парно и слични грејачи со тајмер но веројатно е некој саглам па да се апдејтувам :)
 

Delta111

hello world
23 мај 2010
134
146
Дечки, Тингот има гаранција 1 година другите по две, значи помалата гаранција послаб квалитет или не е битно во случајов? Стар Кончар барем 30 години сега почна да капе така да најверојатно ќе треба нов бојлер иако ми рече мајсторот веќе не ги прават вакви, новите се многу послаби.
 

Astraion

poweruser
24 ноември 2012
2.164
3.213
Струмица
Што тајмер имаш, мене искрено ми е страв бојлер/парно и слични грејачи со тајмер но веројатно е некој саглам па да се апдејтувам :)
За каков тајмер станува збор не пратам баш?

[ЕДИТ] горниот пост со тајмер за обичниот бојлер. got it :)
 

pinky

lurker
23 мај 2009
525
428
Што тајмер имаш, мене искрено ми е страв бојлер/парно и слични грејачи со тајмер но веројатно е некој саглам па да се апдејтувам :)
Избришан е огласот на eBay од кај што го земав јас, ама мислам дека е ист ваков. Гледај да е 16А.
 

Enquito

poweruser
8 август 2017
2.603
1.764
Доколку се одлучиш за проточен бојлер земи ги во предвид Junkers и нивните проточни бојлери, посебно ако имаш пристап до бутан/пропан и соодветна инсталација, доста евтина опција.
 

bxxxn

user
11 март 2011
1.659
1.812
За каков тајмер станува збор не пратам баш?

[ЕДИТ] горниот пост со тајмер за обичниот бојлер. got it :)

Тајмер за акумулационен бојлер да полни на евтина струја. Има и тука некои со штек, мада релејот е толку мал се сомневам дека е 16 А. Бидејќи Пинки веќе има во фукнција да прашав од каде нашол асален.
 

Последни теми

Последни огласи

На врв Дно